25 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, денеска (25.10.) на повеќе локации во Неготино, спроведе превентивни активности за побезбеден сообраќај.

Притоа, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот како едни од најважните правила за поголема сообраќајна безбедност. На возачите им беше поделен едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.