Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при Секторот за внатрешни работи Битола денеска (23.10.2023) во Ресен, како и на повеќе локации во околината на градот реализираа едукативно-превентивна сообраќајна активност под мотото „Вози одморен“.
Притоа, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила полициските службеници укажуваа за важноста на одморот при управување на моторно возило, особено при долги патувања, односно за влијанието на заморот како една од честите причини за предизвикување на сообраќајна незгода.
При реализација на активноста на возачите им беше поделен печатен материјал со едукативна содржина, изработен во соработка и поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.