22 октомври 2023

Превентивно-едукативни средби со лицата мигранти сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија


Денеска (22.10.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица спроведоа превентивна активност на тема „Илегална миграција и права на лицата мигранти“ во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
За време на активноста полициските службеници реализираа едукативни средби со лицата мигранти кои се моментално сместени во овој прифатно-транзитен центар. За време на средбите во непосреден разговор мигрантите беа едуцирани за одредбите од Законот за меѓународна и привремена заштита, како и за правото на азил, а им беа споделени и едукативни летоци на повеќе јазици со корисни содржини во однос на нивните права.