21 октомври 2023

Превентивно-едукативна кампања на СВР Штип: „Обезбеди го твојот дом“


Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициска станица Штип денеска (21.10.2023), на повеќе локации и во централното градско подрачје во Штип, спроведоа превентивно-едукативна кампања на тема „Обезбеди го твојот дом“.
Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните на кои им беа поделени летоци и беа давани совети за самозаштита. Притоа особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација на граѓаните со полицијата, пред сѐ преку точно и брзо пријавување на овој тип настани на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.