18 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (18.10.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од областа на малолетничка деликвенција и компјутерски криминал при СВР-Велес, беше спроведена едукативно-превентивна работилница со учениците од општинското основно училиште „Блаже Конески“ во Велес.

Притоа беа опфатени темите на врсничкото насилство и насилството преку социјалните мрежи, а се во контекст на превенцијата од насилство во училиштата. Притоа посебно внимание се посвети на најспецфичните карактеристики на овие форми на насилство во училиштата, како и на начините и методите кои треба да се користат во справување со овие видови на девијантно однесување помеѓу младите.