18 октомври 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

По повод 18-ти октомври - Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, денеска полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип, со ученици од основното општинско училиште „Гоце Делчев“ спроведоа едукативна работилница на тема трговија со луѓе. Врз основа на полициските искуства и практики во борбата против криумчарење на луѓе, а преку непосредна комуникација со учениците, поткрепена со видео презентација, на учениците им беа презентирани сите аспекти на овааа појава и начините како да се заштитат.