18 октомври 2023

„Кажи не на дрогата-да на животот“, превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од ОВР Демир Хисар и ОВР Крушево, денеска (18.10) во средните општински училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, потоа „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар и „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, реализираа едукативни работилници на тема „Кажи не на дрогата-да на животот“.

Во рамки на работилницата, посветена на превенција од зависност од дроги учениците беа запознати со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите. Исто така, се говореше и за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и од трговија со дрога. На учениците во рамките на предавањето им беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина.