Денеска (13.10.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес во соработка со полициски службеници од НККР при СВР Велес во Кавадарци во основните општински основни училишта „Страшо Пинџур“ и „Тоде Хаџи Тефов“ беа спроведени едукативни работилници на тема „Насилство во училиштата“.
Притоа, посебно внимание беше посветено на феноменот на сајбер булинг како една од формите на врсничко насилство. Полициските службеници преку практични примери и искуства на основците им ги презентираа основните форми на овие социо-девијатни појави, причините и особено последиците – не само во поглед на законските санкции туку и во поглед на психо-физичките последици што може да настанат од ваквите дејствија. Воедно, во последниот дел од работилниците внимание се посвети на начините на препознавање и начините на заштита и превенција од истите преку комункација и соработка со сите важни фактори – полиција, наставници, родители и други.