Денеска (12.10.) полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од НККР при СВР Велес, а во организација на Здружението за родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, во Кавадарци учествуваа на работна средба на темата „Зголемување на капацитетите за пружање на заштита на жртвите од родово базирано насилство“.
На средбата на која што учествуваа и претставници на општините и општинските институции од Вардарскиот регион, беа претставени заедничките цели за изградба на концепт за меѓуинституционално делување на локално ниво вклучително со соработка на невладиниот граѓански сектор, а со примарен фокус на заштита на жртвите од родово базирано насилство.