Вчера (11.10.2023), на автопатот Неготино - Гевгелија, со месното население од населените места Висорамнина Витачево, Демир Капија ,Чифлик, Дрен и Корешница и долж границата со Република Грција, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во кординација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово спроведоа превентивна кампања “МВР блиска до граѓаните - Превенција од прекуграничен криминал и бесправна сеча.
Oваа активност е реализирана со користење на четирицикли, кои се дел од новата опрема која ја има Регионалниот центар за гранични работи Југ. Притоа, на граѓаните беше поделен едукативен материјал.