Денеска (11.10.2023), полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен на повеќе локации на подрачјето на Ресен реализираа превентивната активност „Безбедна заедница - мирна заедница“, а во рамки на концептот за полицијата како сервис на граѓаните, насочен кон градење поквалитетна соработка и комуникација меѓу полицијата и заедницата.
На неколку локации во Ресен полициските службеници, преку делење на едукативни летоци и во непосреден разговор, ги информираа граѓаните со задачите и обврската на полицијата во интерес на обезбедување сигурност и безбедност на граѓаните, на нивните материјални добра. Притоа, беше потенцирана неопходноста и потребата граѓаните, вклучувајќи се преку локалните совети за превенција, поинтензивно да соработуваат со полицијата, која е нивен сервис, со што заеднички би се дал дополнителен придонес за зголемување на безбедноста во заедницата во којашто живеат. Во рамките на активноста со населението беше разговарано за поголема заштита од кражби, разбојништва и измами.
Исто така, денеска, полициски службеници од ОВР Ресен, Крушево, Демир Хисар, во централните градски подрачја реализираа превентивна активност со граѓаните, пред сѐ во делот на превенција на дрвокрадство и заштита од шумски пожари.