11 октомври 2023

Во чест на „11 Октомври“ СВР Куманово организираше турнир во футсал помеѓу основците од Куманово

Вчера (10.10.2023), по повод 11 Октомври, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво Куманово, во спортската сала на средно општинско училиште „Перо Наков“, под мотото „Спорт да, дрога не", организираа турнир во футсал помеѓу ученици од основните училишта во Куманово.

Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младит дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите ќе имаме безбедна заедница. На победниците им беа доделени трофеи и дипломи, додека на другите учесници им беа врачени благодарници.