Во рамките на планираните превентивни активности, полициски службеници од Отсекот за превенција во СВР Тетово денеска (8 октомври) остварија средби со раководствата и членовите на три ловечки друштва од тетовските села Брвеница , Теарце и Боговиње. На средбите организирани по повод официјалниот почеток на новата ловна сезона, на ловџиите посебно им беше обрнато внимание целосно да се придржуваат кон одредбите на Законот за ловство и Законот за оружје. Ловџиите поблиску беа запознати со законските импликации доколку не ја почитуваат соодветната законска регулатива и пред се доколку ловат без дозволи или на друг незаконски начин. Тие беа информирани и околу тоа како безбедно да го чуваат ловечкото оружје и како и каде да ги пријават поединците кои не се регистрирани како ловџии, а кои со туѓо оружје и во неловни денови излегуваат да ловат.
Идниот викенд вакви средби ќе бидат организирани и со ловџиите од гостиварските друштва.