06 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (06.10.) на магистралниот пат А-1, Градско-Прилеп, кај село Сирково спроведе превентивни активности за побезбеден сообраќај.

Притоа, на возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу задолжителното користење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот како едни од најважните правила, суштински во постигнување повисоко ниво на сообраќајна безбедност. Истовремено, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.