05 октомври 2023

Учениците од Основното општинско училиште „Димка Ангелов Габерот“ од село Ваташа во посета на ОВР Кавадарци

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци денеска (05.10.) во просториите на ОВР Кавадарци беа домаќини и се дружеа со учениците од четврто одделение при Основното општинско училиште „Димка Ангелов Габерот“ од село Ваташа, кавадаречко. Во рамки на „Светската недела на детето“ беше реализиран – „Отворен ден со полицијата“ каде што на учениците им беа презентирани основните информации поврзани со улогата и задачите на униформираните полициски службеници, а дополнително децата имаа можност и да се запознаат со основните материјално-технички средства што полицијата ги користи во секојдневното извршување на работните задачи.