Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово при Секторот за внатрешни работи Штип, денеска (04.10.2023) беа домаќини на 45 деца од Детската градинка „23 Август“ од Берово, а по повод одбележувањето на „Детската недела“.
Во таа прилика децата се запознаа со професијата полициски службеник, со дел од полициските овластувања и работни задачи, особено за улогата на сообраќајниот полицаец и полицаецот позорникар, а дополнително им беа презентирани и дел од материјално-техничките средства и опремата што ја користат полициските службеници и полициските возила.
Можноста беше искористена и за куса сообраќајна едукација на децата од областа на сообраќајните прописи при минување на улица пеш или со велосипед, при движење по тротоар и слично.