03 октомври 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (03.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа превентивни активности во неколку хотелско-угостителски објекти на подрачјето на Штип, а во рамки на превентивната кампања „Слави со срце, не се оружје“.

Притоа, на граѓаните им беа поделени летоци со информации за последиците од незаконското користење на оружје и други пиротехнички средства при веселби или прослави, а воедно беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на таквите појави.

Исто така, денеска и полициски службеници од ОВР Берово при СВР Штип спроведоа превентивна активност посветена на превенција од пожари на отворено. На подрачјето на викенд населбата Абланица и Беровско езеро беше спроведена активност за спречување од пожари преку непосреден разговор со граѓаните. Беа делени и летоци со едукативна содржина, со посебен акцент од последиците од ваквите кривични дела и предвидените санкции согласнo законите.