02 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Тетово


Со започнувањето на новата ловна сезона (од 01.10) во организација на Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (02.10) се одржаа средби со претставниците на три ловечки друштва од тетовските села Боговиње, Теарце и Брвеница. На средбите кои години наназад традиционално се практикуваат пред секоја нова ловечка сезона, на претставниците од овие друштва посебно им беше укажано на целосно и безусловно придржување кон Законот за ловство и Законот за оружје, без разлика дали станува збор за помлади или поискусни ловџии. Исто така, им се укажа тие да излегуваат на лов само во таканаречени ловни денови и со потребните поединечни и групни дозволи, зависно од тоа - кога и каде, односно што ќе ловат.

Полициските службеници на СВР Тетово ги информираа претставниците на трите друштва дека во наредниот период значително ќе бидат засилени контролните активности, не само во текот на викендите, туку и воопшто и дека секое непочитување на важечките законски регулативи адекватно ќе се санкционира со изготвување на поднесоци и со времено одземање на оружјето, доколку за тоа не се поседува валидна дозвола.