Полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола денеска (02.10.2023) на подрачјето на Ресен спроведоа низа превентивни активности во рамки на кампањата за заштита на шумите од пожари.
Во рамки на активностите, полициските службеници на повеќе локации имаа средби со населението, при што им укажуваа на граѓаните околу важноста од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи. Исто така, се разговараше и со возачи на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион, со апел да се внимава и да не се фрла лесно запалив отпад, пред се отпушоци од цигари и слично. На граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.