Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (30.09.2023) беше реализирана превентивна активност насочена кон поголема безбедносна култура кај граѓаните за заштита од „тешки кражби од моторни возила“ . Во заедничка соработка на СВР Скопје и ИПА Регион Скопје беа организирани активности на подрачјето на Полициското одделение Сарај, каде што од страна на полициски службеници од Одделението за превенција, на паркинг простор кај Кањон Матка и во поширокото опкружување, беа остварени средби со граѓаните, на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина со цел подигнување на свесноста за самозаштита од тешки кражби на моторните возила. Притоа, им беше потенцирано при паркирање на нивните моторни возила, во нив да не оставаат вредни предмети како што се ташни, торби со вредни производи, лаптопи, паричници, документи и слично, бидејќи многу лесно на тој начин можат да станат жртви на овој вид на криминалитет.