Полициски службеници од Отсекoт за превенција при СВР Велес денеска (28.09) со ученици од основното општинско училиште „,Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа, кавадаречко, одржаа едукативна работилница на неколку теми почнувајќи од темата - „Насилство во улилиштата“, потоа за социо девијантна појава на „Врсничко насилство“, како и посебен oсврт околу темата за „Cyber bullying“ (насилство преку социјални мрежи).
Притоа, врз основа на практичните полициски искуства, на учениците им беа презентирани суштинските информации за формите, мотивите и начините на манифестирање на овие девијантни поведенија кои што лесно може да имаат и сериозни криминогени последици. Особено беше нагласено како да се препознаат и како да се превенираат овие форми на насилно однесување кај учениците, односно кои се начините и методите што треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Воедно оваа прилика беше искористена и за кусо информативно предавање и за учениците од помалите одделенија преку едукативна интерактивна работилница на тема – „Учиме за сообраќајот“ во која на најмладите им беа пренесени најважните правила од областа на сообраќајот што треба да се почитуваат при доаѓање и заминување од училиште.