Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (27.09.) на подрачјето на Велес и на Кавадарци спроведоа превентивна активност под мото – „Безбедна заедница-мирна заедница“ со посебен акцент на превенцијата од кражби и измами.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено со оние од повозрасните категории, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман за различните форми на имотен криминал и секако за начинот и постапките кои треба да се превземат со цел да се заштитат граѓаните од сторителите на вакви кривични дела. На граѓаните им беа поделени и печатени материјали со практични совети.