Денеска (27.09.) полициски службеници од ОВР Берово во содејство со претставници од Шумско стопанство Берово и Територијалната противпожарна единица Берово, реализираа превентивни активности посветени на превенцијата од пожари.
Активностите кои што се одржаа на повеќе локации на подрачјето на ОВР Берово, поточно во реонот на село Двориште и местото викано Суви Лаки, беа спроведени преку непосредни разговори и средби со граѓаните. Покрај практичните совети и апели до граѓаните за внимателност и одговорност кон заштитата на шумскиот фонд, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, со посебен акцент на предвидените санкции согласно законите.