26 септември 2023

Превентивна активност на РЦГР Север за заштита на шумите

Согласно акцискиот план за превенција на Регионалниот центар за гранични работи Север, денеска (26.09.) полициски службеници од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Пелинце реализираа превентивна активност насочена кон заштита на шумите од пожари.

Притоа, преку средби со населението од подрачјето на надлежност на оваа ПС полициските службеници ги презентираа одредбите од Законот за шуми и одредбите околу прекшочните и кривични санкции не само во поглед на забраната за движење во шумски појаси туку и во поглед на ризиците од предизвикување шумски пожари.