23 септември 2023

Превентивни активности на СВР Битола во рамки на „Европската недела на мобилност“

Денеска (23.09.) превентивните активности на СВР Битола се реализираа на подрачјата на Прилеп и Крушево и беа посветени на „Европската недела на мобилност“. На подрачјето на Прилеп со учениците од ОУ „Кочо Рацин“ беа реализирани манифестации кои што имаа рекреативно едукативен карактер за децата од училишна возраст, но и за децата од средните училишта.
Исто така, и во Крушево, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност со цел да се упати порака до граѓаните што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, што позитивно влијае на здравјето на луѓето, а воедно придонесува за зачувување на животната средина.