Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патишта Куманово и членови на училишните сообраќајни единици од основните училишта денеска (22.09.) по повод „Европската недела на мобилност“ реализираше превентивна активност со граѓаните во централно градско подрачје во Куманово под мотото „Вози велосипед“. Од страна на полициски службеници и членови на училишните сообраќајни единици, и во непосреден разговор со граѓаните, беа презентирани поважните сообраќајни правила и од страна на полициските службеници беше укажувано за важноста од почитување на истите.
Целта на превентивната активност беше да се упати порака до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи, заради нивна лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, но и да се промовира велосипедот како алтернативно превозно средство, затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, а воедно придонесува за зачувување на животната средина.