21 септември 2023

Активности за превенирање на имотни деликти на подрачјето на Кочани

Денеска (21.09.2023), во централното градско подрачје на Кочани и на локации до Градскиот пазар во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани спроведоа превентивна активност во рамки на проектите „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните-наша обврска“.

Во текот на активностите насочени кон превенции од имотни деликти, на сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва и кражби, додека на граѓаните им беше укажано за мерки за заштита и самозаштита од џепни кражби, разбојништва, дрски кражби, како и за начините на препознавање на разните форми имотни деликти и, секако, потребата од навремено пријавување на истите.

Целта на активноста беше да се подигне свесноста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на имотот и сигурноста на граѓаните. Воедно, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.