21 септември 2023

РЦ Север одржа средба со жителите на Лојане за поголема заштита на шумите од пожари



Вчера (20.09.2023) во општина Лојане, поточно во просториите на Црвениот крст во село Лојане, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, при Регионалниот центар за гранични работи Север одржаа средба со жители од ова место, заедно со претставници на Црвениот крст, на тема поврзана со заштита на шумите од пожари.

На средбата беа презентирани ризиците, но и последиците од несовесно однесување како при земјоделски работи, така и при рекреативни посети на шумските појаси. Исто така, на граѓаните им беа предочени и законските последици од предизвикувањето пожари, како и штетите што настануваат врз шумскиот фонд како јавно добро.