Вчера (19.09) полициски службеници од СВР Куманово за учениците од прво одделение во Основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков,“ Куманово реализираа едукативно предавање од областа на сообраќајот.
Во рамките на предавањето полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет.
Исто така, им беше објаснето значењето и важноста на хоризонталната и светлосната сигнализација, како и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник - сообраќаец. Покрај ова, беше одржан и работен состанок со директорите на основните и средни училишта од Куманово со цел навремено детектирање на било кое девијантно однесување помеѓу младите и нивно брзо и ефикасно решавање.