Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница денеска (19.09.2023) на регионалниот пат Кочани-Берово, кај месноста „Пекљанска крстосница“, реализираа активности од едукативна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот под мотото „Биди паметен! Не заборавај стави појас“. Во рамки на активностите на возачите и сопатниците во патничките возила им беше укажувано на важноста од користење на заштитниот појас и беа поделени печатени материјали со едукативна содржина.
Исто така, денеска и полициски службеници при ОВР Свети Николе одржаа едукативна работилница во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе на тема „Возач почетник“. На работилницата учество земаа учениците од трета година кои законски ja имаат стекнато возраста потребна за да бидат учесници во сообраќајот како возачи од „Б“ категорија. Од страна на полициските службеници преку низа практични примери беа објаснети фазите (теоретска и практична) за стекнување возачка дозвола, прописите кои важат и се однесуваат на возачите почетници како и законската регулатива во врска со законот за сообраќај. Од страна на полициските службеници беше потенцирана и улогата на сообракајната полиција во превенирање на сообраќајните деликти, а сѐ со цел заштита и превенција од истите и придонесување за побезбедни патишта.