Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип при СВР Штип, денеска (15.09.) на градскиот пазар во Штип, спроведоа превентивна активност во рамки на проектите „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните-наша обврска“.
Во текот на активностите на сопствениците на деловни објекти и на пазарџиите им беа презентирани мерки за заштита од разбојништва и кражби, додека на граѓаните им беа дадени совети за заштита од џепни кражби, разбојништва, дрски кражби, како и начините на препознавање на истите и секако за потребата од нивно навремено пријавување. Целта на активноста беше фокусирана на подигање на свеста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на животот и имотот. Воедно, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.