12 септември 2023

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Сарај и претставници на ЈП „Национални шуми“ и од Шумската полицијa денеска (12.09.) на подрачјето на општина Сарај, односно селата Долно Свиларе и Рашче реализираа превентивни активности во врска со кампањата за заштита на шумите од пожари во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.

Притоа, на повеќе локации беа организирани средби со месното население на кои што полициските службеници укажуваа за важноста од зачувување на шумскиот фонд, за потребата од внимателно и одговорно однесување при движење во шумски предели, на отворени површини или изведување на земјоделски работи, а со цел да се намалат ризиците од предизвикување на пожари. Покрај ова, на граѓаните им беа делени и летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ со информации за заштита и превенција од пожари.