11 септември 2023

Превентивна активност на СВР Штип

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, денеска (11.09.) на повеќе локации во централното градско подрачје на Штип спроведоа превентивно едукативна активност на тема “Безбедноста на граѓаните-наша обврска”. Активноста се реализираше преку непосредни средби и разговори со граѓаните, со сопствениците на локали, со постарите категории граѓани, пред се пензионерите, а во насока на информирање и запознавање на граѓаните околу превенцијата од имотни деликти.

Со посебен акцент на кривичните дела – кражби, разбојништва и измами, при што особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата и пријавување на таквите случаи на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. На граѓаните им беа поделени и летоци со информативни содржини.