Денеска (08.09.) како и во текот на вчерашниот ден (07.09.) на подрачјето на Крушево полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево, при Секторот за внатрешни работи Битола, спроведоа превентивни активности насочени кон сообраќајната безбедност, при што целна група беа возачите на моторни возила.
На повеќе локации во и околу Крушево, во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници делеа летоци со едукативни содржини, изработени во соработка со РСБСП, кои се дел од кампањите „Стави појас, вози одговорно“, „Стоп за управување на возило под дејство на алкохол“ и „Вози одморено - вози одговорно“. Притоа, на возачите им беа споделени практични совети и укажувања за обврската за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, како основен фактор за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, која е од заеднички интерес на сите.