Во рамките на превентивната кампања „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“, денеска (08.09.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Тетово реализираа повеќе активности со учесниците на традиционалната велосипедската трка во Маврово.
На велосипедистите кои се натпреваруваа во различни категории на патеката од село Маврово до село Леуново, им се делеа летоци со информативно-едукативна содржина, наменски изработени на македонски и албански јазик со поддршка од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а воедно полициските службеници преку практични совети укажуваа на што посебно да внимаваат како учесници во сообраќајот.
Учесниците на велосипедската трка, исто така, беа запознати и со законските санкции за непридржување кон сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно ако не користат заштитна опрема, пред се носењето кациги или доколку се движат со поголема брзина од пропишаната.