Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со планираните превентивни активности, чија цел е безбедно превезување на учениците-средношколци до училиштата и назад. На средба организирана неделава во тетовската локална самоуправа со најодоговорните на Секторот за јавни дејности, полициските службеници на Отсекот за превенција укажаa на неопходноста превозот да биде редовен и безбеден и да сe почитуваат сите законски стандарди и норми. Од претставниците на локалната самоуправа, пак, е добиена информација дека фирмите кои оваа учебна година ќе го вршат превозот на учениците се веќе избрани и дека се целосно подготвени да ги извршат договорените задачи во предвидените термини.
Вакви и слични активности ќе следат до крајот на месецов, а и потоа во функција на непречено и безбедно превезување, односно стигнување на учениците, средношколци, во нивните училишта и враќање дома, не само на тетовското, туку и на поширокото гостиварско подрачје.