01 септември 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (01.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица Штип при СВР Штип на Градскиот пазар во Штип спроведоа превентивна активност во рамки на проектите „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните наша обврска“. Притоа, на сопствениците на деловни објекти им беа дадени совети за заштита од кражби и разбојништва, но и за начините на препознавање и навремено пријавување на овие имотни деликти. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Покрај ова, денеска и полициски службеници од ОВР Делчево и од Регионален центар за гранични работи Исток, а во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Делчево, реализираа превентивна активност во Основното општинско училиште „Климент Охридски“ во Делчево со едукативно предавање на тема: „Безбедност на најмалите во сообраќајот од дома до училиште и од училиште до дома“ а по повод почетокот на новата учебна година.

На предавањето реализирано со учениците од ова основно училиште беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи, на децата им беа појаснети правилата и прописите при поминување на крстосница, значењето на сообраќајните знаци и како безбедно да ги поминуваат улиците одејќи од дома кон училиште. На учениците, исто така, им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.

Во текот на денов и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип реализираа превентивната активност на подрачјето на село Злетово, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“. Под мотото „Вози одговорно - животот е во твои раце“, преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот на повеќе локаци во Пробиштип на граѓаните им беше укажувано на ризиците кои постојат доколку се користи мобилен телефон додека се вози, потоа за неприлагодувањето на брзината на движење согласно поставените сообраќајни знаци, како и за законските и безбедносни последици. И во оваа прилика на учесниците во сообраќајот и беа делени летоци со едукативна содржина.