30 август 2023

Превентивна активност на ПС Свети Николе за побезбеден сообраќај

Вчера (29.08.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Свети Николе во соработка со локалниот совет за безбедност во сообракајот на патиштата при општината Свети Николе на повеќе патни правци и станица за технички преглед во Свети Николе реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот – „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини “ .


Тргнувајки од фактот дека сега е период кога интензивно се одвиваат земјоделски активности и поради зголемениот број на земјоделски машини кои се вклучени во сообраќајот, полициските службеници им укажуваа на граѓаните за низа законски и важни аспекти за безбедно учество во сообраќајот. Притоа, на тракторите им беа поставувани и флуоресцентни лепенки, ротациони светла за поголема видливост и со нивните сопственици се разговараше околу техничата исправност на оваа механизација вклучена во сообраќајот, како и за почитувањето на сообраќајните правила и прописи се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.