28 август 2023

Превентивна активност на РЦГР Југ

 Денеска (28.08.2023) полициски службеници од ПС за ГН и ГП Стар Дојран при РЦГР Југ, согласно планот "Безбедно лето-2023" спроведоа превентивна активност на тема:"Превенција од топло време и високи температури".
Превентивната активност беше спроведена на граничниот премин Стар Дојран. Полициските службеници им укажуваа на граѓаните за ризиците од високите температури и споделуваа корисни совети за справувањe со нив, а согласно препораките дадени од Министерството за здравство. На граѓаните им беа поделени и шишиња со вода за освежување, како и печатен едукативен материјал.