26 август 2023

„Вози одморен“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (26.08.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на автопатот ,,Пријателство“, на наплатната рампа ,,Виничани“ и наплатната рампа ,,Демир Капија“ спроведоа превентивна активност ,,Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во овој период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде во овој период особено се зголемува бројот на возила, особено странски туристи што поминуваат преку овој коридор.

Целта на денешната активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите како учесници во сообраќајот и намалување на незгодите кои се последица на заморот. На возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина и вода за освежување.