22 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (21.08) како и завчера (20.08.), полициски службеници при СВР Битола преку Одделенијата за внатрешни работи во централните градски подрачја во градовите што ги покрива СВР Битола реализираа превентивни активности под мотото "Вози одморен", „Не користи мобилен телефон кога возиш“ и „Паркирај совесно - паркирај одговорно“. Во рамки на активностите во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници им укажаа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност пред се на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот, опасноста од користење на мобилен телефон додека се управува возило, како и од особената важност да не се седнува зад воланот доколку возачот чувствува замор. Исто така, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачите им беа поделени печатени материјали со информативни содржини околу правилното паркирање и законските казниви одредби и препораки за почитување на прописите.
Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2023“ полициски службеници од СВР Битола во сите ОВР-а реализираа превентивни активности каде што акцентот беше ставен на заштита на имотот на граѓаните, заштита од кражби, измами и разбојништва, но и состојби од општата безбедност како што е неовластена употреба на оружје при свадби и прослави. Целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. Воедно, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.
Исто така, денеска (21.08) полициски службеници од СВР Битола ја продолжија кампањата за "Заштита на шумите од пожари“ и "Лето без пожари" каде од страна на полициските службеници во Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар ,Прилеп и Македонски Брод беа поделени летоци со едукативна содржина. Целта на превентивната активност е подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари.