Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска 19.08.2023 година (сабота) во непосредна близина на наплатна рампа „Петровец“ согласно Оперативниот План „Безбедно лето“ преземени се превентивни мерки во рамки на „Кампањата за заштита на шумите од пожари“.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа поделени флаери со едукативна содржина на граѓаните со цел, да се подигне свеста додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева да не фрлаат запаливи предмети, догорчиња на цигари или да се пали оган, сите заеднички да придонесеме за безбедна заедница .