Во рамки на Оперативниот план на МВР ,Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден и денеска, реализира низа превентивни активности под мотото "Слави со срце не со оружје" . Вчера во централното подрачје на Крушево со месното население беше разговарано за опасноста која демне од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености како и за законската обврска при употреба на истото.
За таа цел полициските службеници од ОВР Крушево ги посетија и граѓаните каде има собир - слава по повод празникот Свето Преображение при што беа поделени летоци со едукативна содржина.
Во Ресен, полициските службеници од ОВР Ресен реализираа превентивни активност под мото "Сигурноста и безбедноста на граѓаните е наша обврска", при што го посетија централното подрачје на Ресен и градскиот пазар и разговараа со граѓаните како да се заштитат од кражби, измами и разбојништва. Вчера и денеска на цело подрачје на СВР Битола беа реализирани активности за заштита од пожари .