Денеска (18.08) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција и полициски службеници од Полициска станица Штип при СВР Штип во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023”, на градскиoт пазар во Штип беа спроведени превентивни активности под мотото „МВР за граѓаните” и „Сигурност и безбедноста на граѓаните-наша обврска”. На граѓаните и сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита од разбојништва и разните видови на кражби, како и за начините на препознавање и потребата од навремено пријавување на истите. Активноста имаше за цел создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на имотот на граѓаните. Воедно за време на активноста на учесниците им беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина.