18 август 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе за заштита од пожари

  Денеска (18.08.2023) полициски службеници при ОВР Свети Николе во селата Дорфулија и Каратманово спроведоа превентивна активност под мотото ,,Лето без пожари“, што е дел од превентивниот проект на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето 2023“. Во непосредна комуникација со граѓаните им беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, потоа за тоа каде и како да ги пријавуваат пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите. Целта на превентивната активност беше да се подигне јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците од настанување на шумски пожари. Воедно на граѓаните им беа поделени едукативни летоци.