Во текот на вчерашниот ден (16.08.) на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Кичево се реализираше превентивната кампања - „Пламените јазици се незапирливи“, што е дел од превентивниот проект на Министерството за внатрешни работи - „Безбедно лето 2023“. Притоа, полициски службеници низ непосредна комуникација со граѓаните им поделија едукативни летоци и укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, за начините за превенција и заштита на шумите, а беше нагласен фактот дека е во сила и забраната за движење во шумски појас во летниот период. Покрај ова, и на возачите на моторни возила им беше укажувано особено да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат разновиден запалив отпад како превенција не само од загадување на животната и природна средина туку и како превенција од предизвикување шумски пожари и пожари на отворено.