18 август 2023

Превентивна активност на СВР Куманово

Вчера (16.08.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и општинскиот Совет за детско престапништво пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово организираа шаховски турнир за ученици од основни и средни училишта. Целта на оваа активност е младите преку дружење да се насочат кон другарување, спортување, меѓусебно запознавање и да се анулираат девијантните појави кај младите.