Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош денеска (11.08.) на пазарот Тафталиџе, релизираа превентивни активности од областа на превенција од имотните деликти. Во текот на активностите како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2023“ фокусот во разговорите со граѓаните беше насочен кон заштита на имотот на граѓаните, односно заштита од кражби, од измами и разбојништва. Преку низа практични информации и врз основа на полициски искуства граѓаните беа информирани за важноста од соработка со полицијата и благовременото пријавување на ваквите деликти во интерес на личната, но и колективната безбедност во заедницата. Исто така, на подрачје на општина Студеничани, скопско, од полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Драчево беше спроведена превентивна активност во рамки на кампањата за заштита на шумите од пожари во летниот период. Притоа, со делење на летоци со едукативна содржина и поставување на плакати како и во непосредна комуникација со граѓаните беше укажувано на ризиците, но и последиците од шумските пожари како по безбедноста така и по однос на загрозувањето на шумскиот фонд.