11 август 2023

Превентивна активност на ОВР Пробиштип за заштита од пожари и бесправната сеча на шуми

 Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Пробиштип при ОВР Пробиштип, денеска (11.08.) на подрачјето на село Злетово, постапувајќи по оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираше превентивни активности околу проблематиката на дрвокрадството, односно бесправната сеча на шуми. Воедно, во истото подрачје беше спроведена и превентивна активности од областа на превенцијата од шумски пожари во летниот период. При реализацијата на превентивните активности полициските службеници презентираа практични искуства и совети за овие важни теми, а дополнително беа делени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, на места каде што има зголемено движење на граѓаните, а сето тоа со цел јасно да се укаже за потребата од совесност и одговорност заради избегнување на ризиците од предизвикување на шумските пожари.