09 август 2023

Превентивни активности на СВР Скопје


Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (09.08.) кај Транспортниот центар - Меѓуградска автобуска станица беа реализирани превентивни активности од областа на имотните деликти при што акцентот беше ставен на заштита од џебни кражби, измами и разбојништва, а во насока на едукација и подигање на општото ниво на безбедност. Во текот на тие активности заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром беа презентирани низа практични совети и искуства како граѓаните да се заштитат и благовремено да бидат превенирани ваквите облици на кривични деликти.
Покрај ова, на подрачје на село Ражаничино, во општина Илинден, беа спроведени активности посветени на заштита и превенција од шумски пожари и пожари на отворен простор. Притоа во разговор со месното население беа нагласени основните препораки важни за спречување на појавата на пожари, а дополнително беа делени едукативни летоци, изработени со поддршка на ЈП„Национални шуми“ со информативни содржини, а беа поставени и плакати на видни места и објекти каде има голема фреквенција на движење на граѓани. Сето тоа со цел да се подигне свеста на граѓаните додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и трева да не фрлат запаливи предмети, догорчиња на цигари или да се пали оган со цел да елиминираат ризиците од предизвикување пожари во шумите.